Зимска салата повкусна од руска и пилешка

Лесно се подготвува, а е многу вкусна.

СОСТОЈКИ:

500 гр макарони (од најситните)

300 гр шунка

300 гр шампињони (од тегла)

400 гр павлака

250 гр мајонез

100 гр кашкавал

300 гр кисели краставички

сол

НАЧИН НА ГОТВЕЊЕ:

Најпрво сварете ги макароните според упатството на ќесичката. Исцедете ги и ставете ги во еден голем сад.

Ситно исецкајте ги шунката, краставичките и печурките и додадете ги во макароните.

Додадете ги павлаката, мајонезот и посолете. Се убаво измешајте додека не се соединат состојките.

Ставете ја салатата во сад за сервирање и одозгора додадете рендан кашкавал. Можете и да ја декорирате со магдонос, маслинки, или нешто друго по ваша желба.

Салатата само по себе е убава и вкусна за јадење, но ви предлагаме да ја сервирате и како даска во комбинација со кулен, пршута, сирење, кашкавал или друго по желба.