Родила бебе, па скокнала од прозорец: Скопјанка се бори за живот

39-годишна скопјанка е тешко повредена откако скокнала од првиот кат на Клиниката за гинекологија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Директорката на Клиниката, Викторија Јовановска за „Фактор“ вели дека 39-годишната пациентка се породила, а потоа скокнала од прозорец.

- Во средата била донесена на итно породување, а од приемот до породувањето поминале само 12 минути, а тоа значи дека имала лесно породување, вели директорката.

Мајката родила живо и здраво бебе тешко околу 2.400 грама. Со оглед на тоа дека породувањето поминало без проблеми, за денеска се подготвувале документи за заминување од болница, но мајката синоќа скокнала од прозорецот, објави „Фактор“.