Резултатите од пописот ќе бидат готови во март

Во тек е обработката на податоците од пописот, резултатите ќе бидат готови за 6 месеци, вели директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.

Тој напомена дека ниту едно лице нема да биде изоставено од пописот.

-Она по што ние се раководевме за да го опфатиме целото население за пописот беше  да имаме концепт како да го следиме опфатат, клучната работа по која се водевме  беа објеките за домување .Се случуваше да не најдеме некого дома и остававме контакти за да можат да не најдат . Сметам дека е минимален неопфатот на лица кои не се попишани, но тоа може да биде покриено преку  методот кој го кориситем  преку нашиот систем и  на крјаот  со обработката нема да има изаставено ниту едно лице од пописот, кажа Симовски.