Неделава два неработни денови - Еве кога ќе одмараме!

Неделава ќе има еден неработен ден за сите граѓани, додека вториот неработен ден е само за православните верници. 

Во среда ќе се слави Први Мај, додека во петок, во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, се одбележува Велики петок и ќе биде неработен за православните христијани. 

Министерството за труд и социјална политика, согласно со Законот за празниците на РМ ги соопшти неработните денови за претстојните Велигднески празници. 

- 1 мај 2024 година (среда), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија

- 3 мај 2024 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија

- 6 мај 2024 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им ги честита престојните празници.