Ќе пропаднат ли плановите за Први Мај? Метeолозите со детална прогноза за времето утре и задутре

Времето денес е сончево и топло време со мала до умерена облачност, а во источните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.

Утре, на 1 Мај ќе има изолирана, а во четврток на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме.

Од петок и за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи, јавува УХМР.