Оваа лимонада е одлична за чистење на цревата, детоксикација и јакнење на имунитетот.
Photo by Kelvin Yan on Unsplash
Таа е освежувачки напиток кој го пиеме за да уживаме, но има и одличен ефект на целиот организам. Богата е со витамин Ц, што поволно делува на имунитетот, но ако имате и проблеми со надуеноста на стомакот, варењето и гасови, но и ако сакате да го исчистите телото од токсините, тогаш ова е совршениот избор за вас.
Потребни состојки:
6 шолји за кафе вода
1 шолји за кафе мед
1 шолји за кафе лимонов сок
½ шолји за кафе сурутка
Начин на подготовка:
Загрејте ја водата во тенџере на лесен оган, држејќи ја доволно топла за да се раствори медот (околу 40 степени). Матете без престан, а потоа исклучете ја ринглата и тенџерето тргнете го од шпоретот. Додадете го лимоновиот сок и сурутката и мешајте додека добро не се соединат.
Ставете ја вака подготвената лимонада во шише со капаче. Затворете го добро и оставете ја лимонадата да отстои на собна температура за да се ферментираат состојките, околу 4-7 дена. Можете и да го отворите шишето за да проверите дали пијалокот ја има газираноста која е потребна.
Медот во неа служи како природна замена за вештачките засладувачи, а тој е корисен и за јакнење на имунитетот. Претставува одличен антиоксиданс, содржи билни влакна и ги поддржува добрите бактерии во цревата. Освен тоа, медот е и моќно антибактериско и антивоспалително средство.
Сурутката е богата со висококвалитетни протеини, бидејќи содржи есенцијални аминокиселини, но и витамини и минерали.
Лимонот е богат со витамин Ц кој го штити нашиот организам во текот на зимата.