Да, навистина постои ваков десерт и навистина е прекрасен! Тортата има фантастичен вкус и прва се изедува на родендени и прослави, а еве и како да ја направите.
Состојки и подготовка:
За жолтиот фил:
За црвениот фил:
Подгответе калап со помали димензии, заоблен или четвртаст и обложете го со пек хартија. Вклучете ја рерната на 180 степени и почнете со подготовка на кората и филот.
Од белките направете цврста смеса, додајте шеќер и матете додека не се стопи шеќерот. Потоа додајте и кокос, брашно, прашокот за пециво. Поделете ја смесата во два помали кружни калапи и намачкајте на начин секаде да биде рамномерно расподелена смесата. Корите се прилично тенки и се печат кратко, околу 5 минути.
Додека корите се печат, ставете го млекото да се вари, а посебно изматете ги останатите состојки за жолтиот фил и ставете ги во млекото да се варат.
Оставете филот да се лади.
Во изладениот фил додадете го тоа што сте го изматиле.
За црвениот фил, овошјето и шеќерот ставете ги да се варат, посебно изматете ги останатите состојки и сварете ги. Оставете потоа да се изладат.
Корите и филовите треба добро да се изладат пред да почнете да ја филувате тортата.
На една чинија ставете ја кората, половина од црвениот фил, половина од жолтиот фил, кората, црвениот, па жолтиот фил. Оставете да се стегне во фрижидерот, па украсете ја со изматениот шлаг или топлото чоколадо.