Потребни состојки:
15 парчиња Рафаело бомбици
300ml млеко
70g шеќер
250g слатка павлака
200ml вотка
Подготовка:
1. Во сад ставете ги Рафаело бомбиците.
2. Додадете ги млекото и шеќерот и добро изматете ги состојките додека не добиете соединета смеса.
3. Додадете ја павлаката, а потоа и вотката.
4. Промешајте добро и ставете ја смесата во поголем сад за сервирање.
5. За да сервирате, употребете коктел чаши, млеко и кокос. Натопете го врвот на чашите во млекото, а потоа и во кокосот и ставете од коктелот.