Ранети и уапсени протестирачи во Ротердам, се побуниле против корона мерките

Седум демонстранти се ранети на насилните протести против новите корона-мерки во холандскиот град Ротердам, откако полицијата испука предупредувачки куршуми.

Доцна синоќа стотици луѓе излегоа на протест против заострување на владините мерки за заштита од ковид-19 и ковид-сертификатите. 

Тие палеа автомобили и фрлаа камења кон полицијата, која одговори со предупредувачки истрели и водени топови за време на протестите.

Во немирите седум лица се повредени, а најмалку 20 демонстранти се уапсени во ноќта која градоначалникот на Ротердам ја нарече „оргија на насилство“. Во градот беше прогласена вонредна состојба, а главната железничка станица беше затворена поради нередите.