По веста дека силен ковид бран се шири во соседна Србија, доктор Ненад Лазаров со предупредување.
- Пред нас е еден голем бран на ковид, со силен потенцијал за огромен број случаи во кратко време заради способноста да се заобиколи имунитетот, што видовме што значи за земја како нашата пред се социо-економски. Малоумните нема ни да пробаат да ме разберат, па ќе потенцирам дека не зборуваме за смрт, но се работи за сериозна и непредвидлива болест која е се само не грип, и за ранливи категприи може да биде пресудно, вели познатиот доктор во објава на својто фејсбук профил.
Тој упати апел државата соодветно и пред се навремено да изреагира со заштитни мерки, но, како што порача без небулози.
- Мој личен став е дека најголем ефект и клучна карика е наше цивилизирано однесување со суштинскиот момент, болните да седат дома и да ги заштитат здравите, и второ: да се овозможи непречено тестирање. Вакцини нема, лек кој прави разлика постои ама го немаме во моментов, потенцира доктор Лазаров