Прв саем на електомобили во „Ист Гејт Мол“ во Скопје

Под мотото „Возиме на струја“, од денеска до недела во „Ист Гејт Мол“ ќе се одржи  првиот саем на електромобили. Возилата од брендовите на Tesla, Alfa Romeo, Fiat, Porsche, Citroen, MG Motors, Toyota, Volkswagen, Opel Corsa, Seres и Yoyo, ќе бидат изложени на различни места во центарот на приземјето во трговскиот центар.

Сите љубители на автомобили и посетители на „Ист Гејт Мол“ ќе може да ги погледнат изложените модели на електричен погон и хибриди и да се зaпознаат со нивните предности за да се создаде подобра и поеколошка иднина. За време на саемот посетителите ќе можат да ги погледнат и полначите за електрични автомобили на “Olympia Motors”.

Покрај електромобилите ќе бидат изложени и други типови електрични возила и превозни средства: електрични машини за чистење од Green Machines, електрични велосипеди и електрични мопеди од All electrics, како и првото електрично „фиќо“ во земјава, иновација поддржана од Фондот за иновации и технолошки развој и BB Classic.

Саемот на електромобили ќе биде отворен од 10 до 22 часот, паркингот е бесплатен, а партнер на саемот е „Автоплус“. Манифестација е поддржана од покровителот Шпаркасе Лизинг, НЛБ Банка АД Скопје, а присутна ќе биде и ПроКредит Банка Македонија, кои ќе ги презентираат финансиските услуги за набавка на ваков тип на автомобили.