Пролетно време среде есен: Температурите ќе бидат над 25 степени

До петок времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, на места засилен ветер од југозападен правец.

Утре попладне во западните делови врнежите наместа ќе бидат пообилни, а в четврток ќе има услови за појава на ретки грмежи. Потоа времето ќе биде стабилно и релативно топло, соопшти УХММР.

Утринските температури ќе бидат во интервал од 5 до 14, а максималните дневни ќе достигнат до 27 степени.