Еве каква ќе биде временската прогноза за денес

Променливо облачно, наутро со појава на голомразица во северните делови и од изутрина со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег што ќе ја зголеми снежната покривка.

Снег ќе паѓа на повисоките места претежено тоа ќе биде во западните и северните делови на земјава. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието северозападен, а во западните делови западен ветер, кој наместа повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наутро во делови од регионот ќе има услови за појава на голомразица, а преку денот на повисоките места ќе паѓа повремен снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 6 степени.