Да си понесете и чадор, освен маглата најавен е и дожд за денес

Променливо облачно со појава на магла по одделни котлини, ваква е прогнозата за денес што ја најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во попладневните часови во западните и северните делови од земјата ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а на некои места во западните делови и повремено засилен ветер од западен до југозападен правец. Утринската тампература ќе биде од минус 3 до 4 Целзиусови степени, а во текот на денот од 6 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје исто така наутро ќе има магла за попладне се очекува краткотрајни врнежи од дожд. Температурата во текот на денот ќе се искачи до 11 Целзиусови степени

https://ads.mms.mk/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=67&loc=https%3A%2F%2Fmms.mk%2F339931%2F&referer=https%3A%2F%2Fwww.bing.com%2F&cb=5629d94eecИ за утре се прогнозира дека времето ќе биде облачно, пак со појава на магла со слаб ветер кој ќе дува од јужен правец.

Во Скопје и утре времето ќе биде претежно облачно и наутро магливо. Ќе дува слаб променлив ветер. Температурата утре ќе се искачи до 16 Целзиусови степени.