Привршува изградбата на палатата „Емануел Чучков“

Привршува изградбата на барокната административна зграда на „Бихаќска“ во која ќе се сместат Државниот завод за ревизија и Геолошкиот завод, а работен простор е планиран и за Јавното претпријатие за станбен простор. Поголемиот дел од скелињата на фасадата се тргнати, а веќе почнало да се изведува и внатрешното уредување на објектот.


Неодамна, со владина одлука оваа зграда беше именувана во Палата „Емануел Чучков“. Се гради на местото на Геолошкиот завод. Објектот ќе има површина од околу 7.000 квадратни метри, од кои најголем дел ќе припаднат на Државниот завод за ревизија, помал дел на Геолошкиот завод, а дуќаните во приземјето ќе преминат во сопственост на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. На почетокот на градежните зафати беше најавено дека за овој објектот ќе бидат потрошени 7 милиони евра. 

Палатата се гради по идејно решение на Жарко Чаушевски. Неговиот проект беше единствениот што конкурираше на јавниот повик за зградата.