Палатата АСНОМ ќе добие нова фасада, ресторан и ЛЕД екран

Македонската влада на палатата „АСНОМ“ (некогашното седиште на Комерцијална банка) ќе постави нов ЛЕД екран, на кој ќе се емитуваат содржини за минувачите на веќе комплетираниот плоштад „Мајка Тереза“.

Изведбата на ЛЕД екранот ќе ја врши компанијата „Бетон“ од Штип, а истиот е веќе набавен од фирмата „Сенсор“ од Скопје.

Приземјето на поранешниот објект на Комерцијална банка ќе се пренамени во ресторан.

Владината Служба за општи и заеднички работи веќе склучила договор за изработка и монтажа на иноксни елементи во идниот ресторан со Фирмата „Фриготехника 2000“ од село Боговиње. Покрај оваа интервенција, палатата АСНОМ во иднина ќе добие и ЛЕД екран за надворешна употреба.

Покрај ЛЕД екран, некогашното седиште на Комерцијална банка се подготвува за изведба на барокна фасада.Градот Скопје пред четири месеци го објави Конкурсот за избор на идејно решение за промена на фасадата на овој објект.