Палата АСНОМ ќе добие ЛЕД екран

Ќе се инсталира ЛЕД екран за надворешна употреба на палатата АСНОМ, објект кој на скопјани им е познат како поранешно седиште на Комерцијална банка, пишува Build.

Објавен е огласот за избор на најповолен понудувач, а на компаниите им е оставена можноста да ги достават своите понуди најдоцна до 11 јануари 2016 година. Оваа палата, лоцирана е веднаш до новиот Уставен суд, во иднина ќе претставува административен објект на извршната власт.

Во внатрешноста на објектот во моментов се одвиваат реконструктивни работи.За потребите на владините административци во изминативе месеци се уредуваше кујната и ресторанот од овој објект. 

Македонската влада го купи поранешното седиште на Комерцијална банка во пакет со уште две згради кон крајот на декември 2012 година.