Приведен криминалец баран со потерница за шестгодишна затворска казна

Денеска (31.08.2023) во 15.00 часот на ул. „Дижонска“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ѓ. од Свети Николе, со живеалиште во Скопје.

- Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик, информира МВР.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.