Приведен криминалец баран со потерница

Утрово бил приведен 27-годишник во Скопје од страна на полициски службеници.

-Денеска (16.06.2023) околу 09.30 часот на бул.„АСНОМ“ во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода К.Ж.(27) од Скопје, соопшти МВР.

Како што информира МВР, тој бил бара по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 383 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.