Приведен криминалец баран со потерница

43-годишник од Куманово денеска бил приведен во Скопје.

- Денеска (11.08.2023) околу 12 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги на ул. „Димче Милошевски“ во Скопје го лишија од слобода И.Н. (43) од Куманово, со привремено престојувалиште во Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд-Скопје за издржување казна затвор од една година и два месеца, а во врска со член 236 од КЗ, соопшти МВР.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.