Прекин на водоснабдувањето во дел од Козле и во Бутел

ЈП Водовод и Канализација известува дека на 03.06.2021 (четврток) , поради промена на затворач со димензија ф-80 мм., на ул. Милан Марковиќ 18, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул. Милан Марковиќ, Копачка,  Крчин,  Стогово, Стрезова и дел од Леринска.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со активностите. 

Исто така, прекин ќе има и во дел од Бутел. 

На 03.06.2021 (четврто ) , ќе се врши чистење и дезинфекција  на левата комора на резервоарот во село Радишани (висока зона). Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од село Радишани во периодот од 09:00 до 13:00 часот.