Предлог за викенд прошетка - Кај животните од скопската ЗОО

Претстојниот викенд е идеален за прошетка во скопската Зоолошка градина. 

Без оглед на возраста, животните носат радост и одмор за очи за секој еден посетител. 

Изминатиот месец скопската ЗОО е побогата за мали лавчиња. Имено после повеќе од 20 години се родија лавчиња, но посетителите ќе имаат можност да ги видат кога ќе бидат доволно возрасни да можат самостојно да се движат низ надворешното живеалиште 

Исто така, живеалиштето на мајмуните од видот патас е побогато со две бебиња.

Овие фотографии ќе ве убедат дека Зоолошката градина е одличен избор за посета за викендов.