Правете залихи од маски, препорачува д-р Ненад Лазаров

Д-р Ненад Лазаров, кој во текот на пандемијата се прослави со своите фејсбук-статуси, овојпат беше краток и јасен.

Со најавите дека ситуацијата може да се влоши наесен, тој им порачува на своите следбеници, но и на сите до кои ќе стигне неговиот статус, навреме да си обезбедат заштитни маски и други средства, додека се уште се евтини. 

Сите се сеќаваме кога цените на една заштитна маска достигнаа и до 60 денари, додека пак денес во аптека можат да се купат за 4-6 денари.