Трајковски: За само неколку дена ќе го поминеме и врвот на смртните случаи од корона

Според сите индикатори изгледа дека врвот на бранот се случил неколку дена претходно од прогнозираното, за време на изминатиот викенд. Малиот број на тестирања покажува дури и преголемо намалување, но броевите од изминатите денови ја потврдуваат промената на трендот, напиша на својот фејсбук профил професорот Дејан Трајковски.

Според него, ако дневните броеви од четврток и петок на заразени бидат под 870, тоа ќе биде потврда дека врвот е надминат и дека бројот на заразени оди кон намалување.

„Бројот на активни случаи исто така го достигна својот врв. За само неколку дена ќе го поминеме и врвот на смртните случаи, но и тој нема да биде висок при сегашната стапка на леталитет (0,3%-0,5%). Се очекуваат просечно околу 5 починати дневно, но максимално не повеќе од 10, дури и со задоцнето пријавените случаи од системот „Мој термин““, дополни професорот во својата објава.

Тој смета деко овој бран на коронавирусот го поминавме и ќе го поминеме многу лесно, но напомена дека не треба да заборавиме оти сме на половина од бранот и дека во текот на целиот месец август бројот на случаи ќе се мери во стотици.