Пожар во поранешната фабрика ОХИС

Центарот за управување со кризи извести дека од Е-112 во ЦУК е добиена пријава за пожар во поранешната фабрика ОХИС.

Како што соопштуваат од ЦУК, во фабриката е опожарен оџак и дрвна маса во еден од објектите.

Известени се БППЗ на Град Скопје.