Се запали куќа во скопска Шутка, две лица завршија во болница

Завчера околу 18.23 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Волт Дизни“ во Скопје настанал пожар во куќа сопственост на Ѓ.Д.(65) од Скопје, а биле зафатени и куќите на А.А.(36) од Скопје, Ф.Е.(55) од Скопје и на Е.Н., која се здобила со повреди и била префрлена во здравствена установа за укажување лекарска помош.

Во пожарот, исто така, со повреди се здобил и Ѓ.Д.

Како што соопшти полицијата и тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат.