Попладнево на бул. Партизански одреди во Карпош 4 се случила потешка сообраќајна несреќа, откако автомобил и мотоцикл се судриле во близина на трговскиот центар „Антико“.
Итната медицинска помош веќе интервенира на лице-место на настанот.
Според првичните сознанија, повреден е мотоциклистот. Повеќе детали засега не се познати. На увид е излезена и полицијата.