Нов случај на салмонела е забележам денес во основно училиште кое спаѓа под општина Карпош, со што бројот на потврдени случаи се искачи на 10, а реакциите на граѓаните и загриженоте родители не стивнуваат.
На Твитер корисниците на големо дебатираат за тоа дали градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски ќе понесе одговорност за овој случај, додавајќи дека јавно треба да се знае која е фирмата која доставува храна во Карпош.
Кај е Стефчо да каже зошто се затруле со храна учениците и која е приватната фирма што ја приготвува и дава храната со која училиштето има склучено договор. pic.twitter.com/fwFdT1K4Ki
— Султана➿ (@Besvikenpadig) November 8, 2023
Родител на децата кои учат во Карпош открива дека тие како родители две години се обидуваат да ја сменат приватната фирмата која е задолжена за храната во училиштата бидејќи не се задоволни од храната, а и како што вели најскапо ја плаќаат, но сепак не успеале во намерата.
Приватната фирма е Ванила Фуд. Двете деца ми одат во ова школо, само фала богу ништо не им е. Најскап е и катастрофа е со исхраната, ама некој упорно ги бутка во опшрина Карпош и не можеме 2 години да ги смениме, ама сега ќе ги мењаме дефинитивно.
— Nikola (@Nikola07430970) November 8, 2023
Друг корисник пак вели дека зад оваа фирма се крие Командант Коки, додека друг човек е ставен само како фиктивен сопственик.
Имено, кујните се на Командант Коки задскриени зад некој Давид кој е фиктивен сопственик. pic.twitter.com/QY7xmJHVpL
— Мaрга (@MKDProLet) November 8, 2023