Посни бајадери со кокос (ВИДЕО)

Ви пренесуваме рецепт за бајадери кои лесно се подготвуваат, а нема да ви биде потребна ниту посебна кулинарска вештина, туку само малку добра воља.

Состојки за темен дел:

1 дл вода

150 гр шеќер

125 гр посен маргарин

1 кесичка ванилин шеќер

1 кафена лажица какао

300 гр мелени посни бисквити

Состојки за светол дел:

1 дл вода

150 гр шеќер

125 гр посен маргарин

1 кесичка ванилин шеќер

50 гр мелени бисквити

100 гр кокосово брашно

Начин на подготовка:

Сите состојки, за темниот дел, освен какао и бисквити, ставете ги во тенџере и гответе додека не се растопат. Веднаш тргнете го тенџерето од шпорет и оставете 5 минути да се излади. Потоа измешајте прво какао, па мелени бисквити. Оваа маса ставете ја на дно на калап или тепсија и порамнете. Ставете ја во фрижидер малку да стегне, околу 10 минути.

За темниот дел, повторете ја истата постапка како и кај претходниот фил, а на крај додајте само бисквити и кокос.

Овој светол дел премачкајте го преку темниот и оставете го во фрижидер да стегне околу 2-3 часа. Сечете парчиња, па по желба украсете со посно чоколадо или кокос.