Посна пита со праз

Пред нас е голем празник, кој во многу семејства во Македонија е и домашна слава. 

Питата од тегнери кори е традиција кај нас, но овојпат ви претставуваме поинаков начин на подготовка.

За тесто:

500 гр брашно
Лажичка сол
350 гр млака вода
Масло за премачкување

Фил:

Три праза
Сол
Зачини
Масло

Подготовка:

Замесете тесто, поделете на шест топчиња и оставете ги да отстојат 15 минути. Направете тенки кори и првите три редете ги една врз друга, со масло меѓу нив. Повторете со вторите три кори. Едниот дел иссукајте го, засечете како да сакате да го поделите на шест дела, но не до крај. Премачкајте и преклопете ги. Рассукајте ја кората, филувајте и редете како вртена пита. Повторете ја истата постапка и со вториот дел. 

Филот направете го така што ќе го испржите празот убаво, да не пушта многу вода. Зачинете по желба. 

Питата печете ја на 200 степени 30 до 40 минути.