Поради недоразбирање во сообраќај го нападнал со тврд предмет и му нанел тешки повреди

Вчера во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив тешки телесни повреди бил донесен А.В.(45) од с.Бујковци, општина Илинден.

Според пријавеното, ден претходно околу 20.30 часот кај подвозник во с.Мралино, општина Илинден, по претходно недоразбирање во сообраќајот, А.В. со тврд предмет бил нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.