Вчера полицијата во Скопје казни 108 возачи

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден  продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, шест мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.