Го нападнал со тврд предмет откако претходно имале недоразбирање во сообраќај

Вчера во 07.46 часот во СВР Скопје, Н.С. (49) од с.Волково, скопско пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, физички бил нападнат од Н.А.(38) од Скопје, кој употребил и тврд предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.