Плазма колач со бел крем

Практичен рецепт за оние кои не сакаат да трошат премногу време во подготовка и печење на тортите и колачите. 

Состојки:

400 гр мелени плазма бисквити
150 гр растопен путер
50 мл сок од лимон
500 мл млеко
4 лажици шеќер
4 супени лажици густин
1 жолчка од јајце
екстракт од ванила
60 гр бело чоколадо
100 гр крем сирење
100 мл млеко (настрана од другите 500 мл)

Подготовка:

Измешајте ја плазмата со растопениот путер и додајте сок од лимон или портокал па измешајте со шпатула. Ставете ја смесата со плазма во калап за колач на дното. 

На страна изматете ја жолчката со малку млеко и додајте го густинот. Промешајте додека да добиете изедначена смеса. Во тенџере на оган истурете го остатокот од млекото, додајте шеќер и разматениот густин со жолчката и екстрактот од ванила. 

Промешајте и оставете да зоврие и мешајте додека да се згусне. Во врелиот фил додајте го белото чоколадо, промешајте додека да растопи. Потоа додајте го и крем сирењето, па промешајте со шпатула или жица за матење. Прелијте го филот врз плазмата, израмнете (оставете по половина см од страните) и одозгора наросете го рамномерно остатокот од плазмата.

Потоа полека прелијте со 100 мл млеко. Тортата оставете ја во замрзнувач да се стегне половина час (не повеќе) или во фрижидер 3-4 часа.