Парична помош за семејството на Јасмина, чии органи спасија три животи

Општина Центар одлучи семејството на починатата Јасмина, чии органи спасија три животи, да добие парична помош во висина од 100.000 денари. 

Оваа одлука била усвоена денеска на Советот на општина Центар, соопшти градоначалникот Саша Богдановиќ. 

„Од Буџетот на Општина Центар ќе бидат обезбедени 100.000 денари. За Јасмина, жената-донор на срце и бубрези“, напиша Богдановиќ.

Ова е трет случај на трансплантација на срце во земјава. Претходно донори беа Емилија Динева и Верица Белчовска и двете трагично загинати во сообраќајни незгоди.