Треба ли да се вратат парите од работниците кои не одеа на работа во  „Комунална Хигиена“, а земаа плата? Еве што мислат граѓаните

Вчерашната вест за 33 лица кои земале плата, а не оделе на работа во претпријатието „Комунална Хигиена“ во Скопје, што ја објави нашиот портал, Скопје Инфо, предизвика бурни реакции кај граѓаните.

Тие користејќи го своето право на слободно мислење и изразување, во коментарите на нашата објава си дозволија да бидат искрени со нас и со останатите читатели за нивните размисли поврзани на оваа тема.

Најголем дел од реакциите кои тие ги изразија на социјалната мрежа фејсбук го поздравија откривањето на овој пропоуст и побараа поголема контрола со цел понатаму да се избегнат вакви случки.  Некои не беа изненадени од ваквата ситуација и напишаа дека „за нашата земја вакви работи не се изненадувачки и дека има и полошо од ова“.

Тие побараа лицата да сносат одговорност за нивното однесување, како и да ги вратат парите до институцијата, а несомнено беше дека сите посакуваат подобра држава, со помала корупција.

Како ќе се разреши овој случај останува да чекаме.