Повеќегодишно и навидум здраво стебло сношти паднало, а притоа повредено е едно дете.
Дрвото паднало во близина на училиштето „Коле Неделковски“. Детето се спасило само поради тоа што дрвото паднало врз непрописно паркирана кола и не му нанело тешки и животозагрозувачки повреди.
Како што е констатирано, се работи за дрво кое било зелено и разгрането, но по падот било забележано дека коренскиот систем е значајно наручен и многу оштетен.