Малото детско игралиште во Дебар Маало доби нова вештачка трева

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, објави дека малото детско игралиште во Дебар Маало добило нова вештачка трева.

- Пријателите Кам маркети овозможија на игралиштето да поставиме нова вештачка трева на површина од 156м2, нова заштитна ограда и детски голови. Здравиот детски развој е наш заеднички приоритет. Заедно можеме да направиме повеќе, информира Герасимовски.