Османи ги покани кандидатите за претседател на заеднички ифтар, нема покана за Ванковска и Јакимовски

Кандидатот за претседател на државата Бујар Османи, во објава на Фејсбук, ги покани на заеднички ифтар кандидатите за претседател. Она што може да се види во објавата е што нема покани за Стевчо Јакимовски и Билјана Ванковска

„На денот кога ја чекаме потврдата на нашите кандидатури за претседател на Република Северна Македонија, сакам да ги поканам кандидатите Стево Пендаровски, Гордана Силјановска, Арбен Таравари и Максим Димитриевски на заеднички ифтар со цел во духот на овој месец да разговараме и да се договориме за позитивна, конструктивна кампања и натпревар на идеи за да добиеме европски претседател“ напиша Османи.