Сообраќајка на патот Берово–Струмица по полноќ, тешко повреден 26-годишен возач

26-годишник од Берово е тешко повреден откако со возило излетал од пат, по полноќ 

- Денеска во 00.30 часот во ОВР Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово–Струмица, на место викано „Шушлевец“ , атар на Берово, патничко возило „фолксваген џета“ со беровски регистарски ознаки, управувано од И.М.(26) од с.Ратево, беровско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип, соопштија од полицијата.

Извршен бил увид извршила увидна екипа од ОВР Берово.