Автогол на Османи - не биле проблем земјите на ЕУ за пасошите, ние сме го смениле законот за граѓаните да не можат да ја напуштат државава

Претседателскиот кандидат Бујар Османи на новинарско прашање во врска со пасошите си даде автогол со одговорот што го даде по информациите дека има дозвола за патување низ 25 земји членки на Европската Унија. Тој вели дека не биле проблем европските држави туку проблемот бил што ние како држава сме го смениле законот и не им се дозволило на граѓаните да ја напуштат Македонија со старите пасоши.

„Во однос на пасошите засега не се проблем европските земји. Проблем е што МВР го има сменето Законот и ги има декларирано нашите пасоши за неважечки и граѓаните не може да ја напуштат нашата граница. Така што ние воопшто не сме стигнале до проблемот со границата на земјите од ЕУ. Граѓаните со наши пасоши не можат да ја напуштат нашата граница бидејќи од нашите закони се декларирани како неважечки. Додека за враќање ние ги имаме направено и преземено сите мерки никој да нема пречка да се врати. И јас досега не сум слушнал дека некој граѓанин не успеал да се врати во државата бидејќи не можел да помине низ земји членки на ЕУ“ кажа Османи