Општина Гази Баба со 4 милиони денари ќе финансира проекти на здруженија на граѓани и фондации.

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски објави дека општината почнува со финансирање на проекти на здруженија и граѓани во вредност од 4 милиони денари  Јавниот повик трае до 15.02.2024 година. и се повикуваат граѓанските организации да аплицираат со своите проекти. 

- “Објавен е јавниот повик за финансирање на проекти на здруженија на граѓани и фондации. Општина Гази Баба и оваа година во својот буџет обезбеди 4.000.000 денари за финансирање на проекти кои доаѓаат директно од граѓанскиот сектор. Јавниот повик трае до 15.02.2024 година. Ги повикувам граѓанските организации да аплицираат со своите проекти“!

Линк до јавниот повик: https://gazibaba.gov.mk/aven-oglas-za-pribiranje-na.../