Нов спортски комплекс ќе „никне“ во Општина Гази Баба

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски во интервју за „Вечер“ кажа дека се планираат голем број проекти во скопската општина.

Стефковски најави дека ќе се асфалтираат над 40 локални улици, а ќе се изградат и нови спортски игралишта.

-Во населбата Хиподром ќе се изгради нов спортски комплекс на местото на старото училиште „Вера Јоциќ“, најави Стефковски.