Над 2.000 луѓе присуствуваа на хуманитарниот концерт за Никола

Вчера во спортската сала „Методија Андонов Ченто“, во скопската населба Маџари, се одржа големиот хуманитарен концерт за младиот Никола, а на истиот присуствуваа над 2.000 луѓе.

-Никола на првата наша средба ти кажав дека во оваа борба не си сам, мојата поддршка ја имаше, ја имаш и ќе ја имаш до завршување на оваа борба од која ти ќе излезеш како победник. Пред мојот народ давам збор дека по завршување на лекувањето на Никола, Општина Гази Баба ќе организира уште поголем концерт за целиот народ и заедно со Никола ќе го славиме успехот, информира градоначалникот Бобан Стефковски.

Собраните средства од влезниците ќе бидат наменети за лекување на Никола кој наскоро го започнува лекувањето против агресивниот тумор во Турција.