Општина Бутел го реконструираше паркот во ТЦ Радишани

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски објави дека е завршена реконструкцијата на паркот што се наоѓа кај ТЦ Радишани. Поставени се нови купи, тревни површини и лед осветлување.

- “По 25 години повторно ставена е во функција фонтаната која се наоѓа во трговскиот во населба Радишани. Поставени се нови клупи, нови зимзелени дрва и нови тревни површини. Поставено е ново лед осветлување. Утрово имавме и одлична дружба со пензионерите во пензионерскиот клуб во населба Радишани. Сакам да им се заблагодарам за целокупната поддршка и нивното активно учество со голем број на одлични идеи“напиша Костовски.