Реконструкција на улици во Општина Бутел

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски вчера објави дека се почнува со целосна реконструкција на улиците во населеното место Бел Камен. Предвидено е тие улици да добијат нов асфалт по машинското вадење на постоечкиот и дотраен асфалт.

- “Местото кое досега беше заборавено од сите, каде што не се инвестираше ќе добие подобрени услови за живот. Започнуваме со целосна реконструкција на 3 улици кои се под надлежност на општина Бутел. Овие улици ќе добијат нов асфалт по машинското вадење на постоечкиот и дотраен асфалт. Сите овие инфраструктурни зафати кои ги превземаме во сите населени места значат надминување на постоечките проблеми кои се недозволиви. Нема заборавени места, вложуваме во сите места рамномерно!“, се вели во обајавата на Костовски