Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски објави дека за прв пат на територијата на општината се обезбедени бесплатни униформи за сите 4700 ученици во општинските средни училишта.
- “Со овој проект ги намалуваме трошоците на родителите, а ја намалуваме и класната разлика која се создава помеѓу учениците. Започнува процедурата за евидентирање на учениците со цел утврдување на величината на униформата за секое дете по што ќе следува и доделување на униформите. Ова е ветување дадено пред родителите и граѓаните кое го исполнуваме“, напиша Костовски