Ново зеленило и партерно уредување во Бутел 2

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски објави дека е направено партерно уредување на просторот околу зградите, нови паркинг места и ново зеленило во Бутел 2

„Во Бутел 2 направено е партерно уредување на просторот околу зградите, нови паркинг места, нови пристапни патеки, како и ново зеленило и уредување на целиот простор. Овие градежни активности имаат за цел да создадат современи услови за одмор и дружење. Инвестираме во сите делови на општина Бутел! Еднаков рамномерен развој! “ напиша Костовски.