Опожарен мотоцикл во Скопје - оштетен бил и дел од зграда

Денеска (30.08.2023) во 05.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Мице Козар“ во Скопје бил опожарен мотоцикл, сопственост на В.К. од Скопје.

- Од пожарот биле оштетени фасадата и надворешни ролетни од неколку стана во зградата пред која бил паркиран мотоциклот, информира МВР.

Пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.