Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

38-годишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Скопје. 

На 01.12.2023 во 17.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Франклин Рузвелт“, ул.„Народен Фронт и ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(39) од Скопје и мотоцикл „априлија“, управуван од П.Ј.(38) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, соопшти полицијата. 

Увид извршила екипа од СВР Скопје.